Компанијата Технометал Вардар од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со добивка од 43.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 51.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од оваа година достигнаа 53.579.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 42.492.000 денари, додека остатокот од 11.087.000 денари отпаѓа на странски пазари.
Во првите девет месеци од 2014 година, Технометал Вардар оствари 89.113.000 денари вкупни приходи од продажба.