Компании од текстилната индустрија денеска во Скопје ќе дебатираат на тема „Одржлив развој на текстилната индустрија во Република Македонија“. Предвидено е на отворањето на настанот, кој ќе се одржи во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, да се обрати министерот за економија Ваљон Сараќини.
Според најавата, на дводневната конференција ќе земат учество еминентни експерти од областа на текстилот од Италија, Холандија, Турција, Бугарија, Србија и Хрватска, како и претставници на деловните субјекти, институциите и научните установи.