Телеграм доби 70 милиони нови корисници за еден ден

49

Апликацијата Телеграм, специјализирана за испраќање текстуални и мултимедијални пораки, доби повеќе од 70 милиони нови корисници во понеделникот, благодарение на блокадата на Фејсбук и комуникациските услуги како што се Ватсап, Инстаграм и Месинџер, изјави во вторникот нејзиниот основач Павел Дуров.

Фејсбук ја припишува блокадата на “погрешната промена на конфигурацијата“, што спречи 3,5 милијарди нивни корисници да пристапат до услугите Ватсап, Инстаграм и Месинџер. Проблемот предизвика глобален пад на системот што траеше повеќе од шест часа.

“Дневната стапка на раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Ги пречекавме бегалците од други платформи, над 70 милиони од нив за еден ден”, напиша Дуров на својот канал на Телеграм.