Телеком Словенија се повлече од албански Примо

34

TELEKOM1Надзорниот одбор на Телеком Словенија донесе одлука за продажба на албанската компанија Primo Communications. Продажбата на операторот Примо е нов чекор во консолидација на групата чија цел е зголемување на ефикасноста и конкурентноста, пишува Seebiz.

Станува збор за реализација на стратешко насочување на групата и консолидација на нејзините друштва и меѓусебно поврзани дејности. Во Телеком Словенија сметаат дека нивните корисници очекуваат на едно место да добијат решение за сите свои комуникациски потреби и предупредуваат дека повеќето европски оператори веќе завршиле слични процеси.

Продажната цена не е позната, но според пишувањето на Финанце, и минимален износ е прифатлив за Телеком Словенија за да се ослободи од компанијата што и носи загуби. Досега словенечкиот оператор не спомена имиња на потенцијални купувачи.