Телекомуникациските оператори губат милијарди долари поради СМС пораките

55

Светските телекомуникациски оператори би можеле да изгубат околу 23 милијарди долари до крајот на 2012 година, а причината се СМС пораките.

Имено корисниците на паметните мобилни телефони се свртуваат кон апликации за бесплатно праќање и примање СМС пораки, пренесува агенцијата AFP.

Компанијата Ovum, специјализирана за технолошки истражувања предвидува дека комулативните губитоци на профитот поради зголеменото користење на апликациите за бесплатни СМС пораки, а избегнување на класичните телефонски СМС пораки до крајот на 2016 година ќе достигнат 54 милијарди долари.

Бесплатното праќање пораки станува доминатно и опeраторите се под се поголем притисок да направат нешто како би ги зголемиле приходите во сегментот на испраќање и примање на СМС пораки, истакнува Неха Дарија, аналитичар во Ovum.