Цените за користење на мобилната телефонија во Црна Гора се под просекот на цените во регионот и Европската унија, соопшти Агенцијата за телекомуникации и поштенска дејност на Црна Гора, пренесува бизнис.хр.
Во анализата на агенцијата, која опфатила пакети што се наоѓаат во понудите на црногорските оператори, заклучено е дека во повеќето случаи, операторите во Црна Гора имаат најниски цени за СМС пораки.
Освен тоа, кај операторите во регионот се наплаќа воспоставување на повик, додека во Црна Гора овој тип на услуга главно е бесплатна.