Teodoor – словенечка паметна Bluetooth брава

50

teodoor

Фото: Kickstarter

Teodoor е уред што паметниот телефон го претвора во клуч за отклучување и заклучување на вратата. Лесно се поставува и се прилагодува на различни видови на брави и функционира преку Bluetooth врска.

Teodoor се поставува на местото на постоечката брава на вратата, а потоа се инсталира апликација којашто е достапна и за iOS и за Android оперативен систем. Овој уред поддржува и hands free, па доволно е корисникот да се доближи до вратата за да може таа сама да се отклучи, а ако се оддалечи тогаш вратата автоматски се заклучува.

Со помош на апликацијата, корисникот може да одреди кој има право да ја отклучува вратата и во кој дел од денот. Со дополнителен wi – fi модул, корисникот ќе може да ја да отклучува и заклучува вратата без оглед на тоа каде и да се наоѓа.

Цената на овој уред се очекува да биде 179 долари, а wi – fi модулот ќе чини 69 долари.

Уредот е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што веќе ја исполни задачата да собере 90.000 долари иако до крајот на кампањата има уште 11 дена.