Tesco се соочува со најголемото барање за еднаква плата во историјата на Велика Британија

46

18119512_1427688873956906_833403783602121672_n

Фото: Facebook

Tesco се соочува со најголемо барање за еднакво плаќање на Велика Британија и можна компензација во износ до четири милијарди фунти (5,6 милијарди долари), јавува Reuters.

Компанијата е најголемиот британски малопродажен  работодавач во приватниот сектор со персонал од над 310.000 лица.

Според адвокатската компанија Leigh Day илјадници вработени во Tesco кои работат во дистрибутивните центри каде претежно преовладуваат мажи, се исплаќаат значително повеќе од главните продавници на Tesco, каде што работат жени.

Персоналот на дистрибутивниот центар може да заработи повеќе од 11 фунти (15,4 долари) на час, додека  вработените во продавниците добиваат околу осум фунти на час.

Работник во дистрибуција со полно работно време за истите часови заработува повеќе од 100 фунти неделно, или 5.000 фунти годишно, повеќе од вработените во продавница.