Тешка година за црногорските хотелиери

26

Хотелиерите во Црна Гора од почетокот на годината остварија само 10% од минатогодишните приходи, над 90% од компаниите имаат пониски приходи од лани, а кај 60% од нив е регистриран пад па приходите меѓу 40 и 60%, пренесува црногорски Инвеститор.

Тоа се прелиминарните податоци од истражувањето на Унијата на работодавачи на Црна Гора. Податоците покажуваат дека состојбата е исклучително тешка поради тоа што во земјата над 99% од компаниите се микро и мали.

“Имам податоци што покажуваат дека хотелиерите оствариле 10% од минатогодишните приходи. Прелиминарните податоци од истражувањето покажуваат дека над 90% од компаниите имаат пониски приходи за разлика од минатата година“, вели државниот советник, Филип Лазовиќ.

Според него, состојбата е алармантна особено поради тоа што 99% од фирмите се мали и средни, а тоа се компании што најчесто не се отпорни на вакви услови за работа, па поради тоа се затвораат, што значи и намалување на бројот на вработени во земјата.

Фото: Freepik