Тешки денови за руската автомобилска индустрија

40

Поради кризата со набавката на компоненти и меѓународните санкции, руските производители мораат да прават автомобили без напредна безбедносна опрема и еколошки стандарди.

На руските производители на автомобили им е дозволено да произведуваат возила без современи безбедносни системи, како што се системи против блокирање на кочниците и електроника за контрола на стабилноста. Според руските медиуми, локалната администрација донела уредба бр.855, со која на руските производители на автомобили им се дозволува да произведуваат нови автомобили без споменатите системи, а ниту автоматско повикување во случај на несреќа не е задолжителен.

Дополнително, со поедноставување на условите за добивање сертификат за сообразност на производот, инсталирањето на воздушни перничиња и затегнувачи на ремените исто така повеќе не е задолжително.

Уредбата се очекува да биде во сила до февруари следната година, а во април беа најавени автомобили без безбедносни системи на најголемиот производител АвтоВАЗ, чија продажба во март паднала за цели 64 отсто во однос на лани.

Дополнително, вкупната продажба на автомобили во Русија во март е намалена за 62,9 отсто во однос на истиот месец во 2021 година, од 93.547 на 55.129 возила. Длабок е и кварталниот дефицит кој е 28,4 отсто во однос на првите три месеци од минатата година, што значи пад на продажбата на 277.332 автомобили.