Изгледа дека новиот Tesla Cybertruck наскоро нема да се појави во Европа. Германците го тестираа ова возило и дојдоа до заклучок дека истото е мошне небезбедно и опасно по патниците кои се возат во овој автомобил, како и за пешаците.
Cybertruck е дизајниран да биде робусно возило коешто ќе ги издржи силните удари и надворешните околности. Но, тоа доведува до тоа патниците да бидат загрозени. Ако автомобилот е премногу цврст и ако не се крши при судирот, силата на ударот ќе се пренесе во кабината. Сето ова доведува до тоа патниците во поголема моќ да почувствуваат ударот и да почувствуваат посилна G-сила којашто може да биде смртоносна. Исто така, потребно е предниот дел од автомобилот да биде способен да ја апсорбира силата на ударот со цел да се заштитат пешаците при евентуален судир.
Каросеријата на автомобилите намерно се прави помека, со цел да се собере при судирот и да ја намали силата на истиот. Ако каросеријата е премногу тврда, тогаш патниците можат да почувствуваат толку моќна сила којашто може да ги усмрти веднаш. Во тие ситуации не помагаат ниту безбедносните појасни, ниту воздушните перничиња.
Cybertruck се соочува со драстичен редизајн за Европа
Германските власти истакнаа дека Cybertruck нема да се увезува сè додека на него не се направат потребните модификации кои ќе го направат побезбеден, така што овој автомобил во иднина веројатно уште некое време нема да го гледаме низ европските градови. Поради што е многу веројатно да има редизајн за европскиот пазар.
Претходните модели на Tesla дури и ги надминуваат строгите критериуми на Европската унија, но Cybertruck ги нема тие карактеристики. Tesla ќе мора да имплементира странични камери на ретровизорите (кои во моментов се нелегални во САД), кластери за предните светла, помали тркала, напредни бришачи за предното стакло, како и позаоблени агли, но и како таков Cybertruck би можел да го “падне“ испитот во Европа. За да го помине, потребен е драстичен редизајн на базичната структура. Елон Маск истакна дека е свесен за безбедносните стандарди во Европа кои треба да ги пресретне Cybertruck, поради што се очекуваат промени на автомобилот пред тој да биде пуштен во продажба во 2022 година.
Преземено од Avtoplus.mk