Tesla добива субвенции од Германија

29

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla ќе добие милијарда евра на име субвенции од буџетот на Германија за изградба на фабрика за ќелии за батерии во близина на Берлин, објави Business Insider.

Субвенциите, како дел од државната поддршка за 11 компании чија дејност е поврзана со батерии за автомобили во рамки на проект од заеднички интерес на Европа, ќе ги дадат сојузната влада и регионалната држава Бранденбург.

Tesla доби дозвола од германското министерство за околина да почне со изградба на гигафабриката во близина на Берлин на “сопствен ризик“. Планот на американската компанија е да исече шума што се простира на површина од 92 хектари, но конечното одобрение го даваат локалните власти што ги земале предвид приговорите од здруженијата за заштита на околината.

Tesla веќе има две гигафабрики во Кина и САД.

Фото: Freepik