Tesla Dog Mode – софтвер што ги чува домашните миленици безбедни во возилото

10

Фото: Pixabay

Американската компанија Tesla претстави нов софтвер што се грижи за домашните миленици додека се оставени сами во автомобил. Tesla Dog Mode ја одржува температурата на оптимално ниво, со цел да им обезбеди доволно воздух и свежина додека го чекаат својот сопственик да дојде.

Температурата се прикажува на голем дисплеј во возилото, доколку некој загрижен минувач сака да погледне, пишува Inhabitat.

Сопствениците на Tesla го активираат софтверот со допир на екранот, односно на копчето што илустрира вентилатор. Потоа, одбираат DOG под опцијата за клима, Keep Climate On и функцијата е вклучена.

Dog Mode останува да работи додека батерија не “падне“ под 20%. Тогаш стигнува известување до телефонот на сопственикот преку Tesla апликација.