Tesla ги намали цените на автомобилите во Кина

44

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla ја намали цената на своите возила во Кина. Па така, за основниот Model Y еден Кинез треба да одвои 339.000 кинески јуани (43.000 евра).

Tesla минатата година редовно беше меѓу најпродаваните брендови на електрични возила, потпомогнати од лимузините што беа произведени во фабриката во Шангај, а достигнаа вредност од неколку милијарди долари.

Најголеми конкуренти на кинескиот пазар се три локални компании: Nio Inc., Xpeng Inc и Li Auto Inc. Тие имаат голема поддршка од државниот апарат и трите компании брзо ги освојуваат симпатиите од локалното население.

Фото: Freepik