Tesla ги отвора своите станици за полнење и за други електрични автомобили

38

Производителот на електрични автомобили Tesla за прв пат лансира мрежа за полнење на други електрични автомобили. Ова ќе се случи преку пилот програма во Холандија. Ова се смета за дел од желбата на Tesla да користи електрични возила во голем обем ширум светот, пишува The Guardian.

Програмата ќе се тестира на 10 локации во Холандија, велат од Tesla. Возачите на електрични возила кои не се од гамата на компанијата на Елон Маск ќе можат да полнат од станиците на Tesla.

Компанијата оперира со повеќе од 25.000 станици за полнење на глобално ниво. Други производители на електрични автомобили инвестираат во стартапи за да создадат електрични мрежи од станици за полнење.

Станиците за полнење на Tesla се отворени за BMW, Daimler, Ford, Volkswagen, вклучувајќи ги Audi и Porsche.

„Овој потег е поврзан со нашата мисија да ја забрзаме транзицијата кон поодржлива енергија“, велат од компанијата.

Минатата недела пазарната капитализација на Tesla надмина 1 трилион долари за прв пат во историјата на компанијата и забележа рекорден квартал во испораките.