Тesla го преместува своето седиште во Тексас, Маск објасни зошто

50

Илон Маск објави дека го преместува седиштето на Теsla во Тексас.

“Возбуден сум да објавам дека го преместуваме седиштето во Остин, Тексас“, рече Маск на вчерашниот состанок на акционерите на Теsla.

Компанијата, која произведува електрични автомобили, во моментов има седиште во Пало Алто, Калифорнија, во близина на првичното седиште во Сан Карлос. Маск објасни дека постои „ограничена можност за зголемување на бизнисот“ во областа на Заливот.

Тој наведе некои пречки, како што се достапноста на домување и долгите патувања до работа, и рече дека фабриката во Остин е 15 минути од центарот на градот и пет минути од аеродромот. Просечната цена на куќата во Пало Алто е 3,3 милиони долари, пишува CNN, додека во Остин е 588.000 долари.

Самиот Маск во декември изјави дека се преселил во Тексас, а една од неговите други компании, SpaceX, развива масивен ракетен систем Старшип во јужен Тексас.

Маск рече дека и покрај овој нов потег, Теsla планира да продолжи „значително“ да се шири во Калифорнија.

“Не станува збор за заминување на Теsla од Калифорнија“, рече тој, додавајќи дека компанијата има намера да го зголеми производството во своите погони во Фримонт и Невада за 50%.

Во мај 2020 година, Маск во серија твитови соопшти дека Теsla ќе го премести седиштето на компанијата во Тексас или Невада. Дојде по спор помеѓу официјални претставници на Маск и Калифорниската област Аламеда околу безбедносните мерки во фабриката на Теsla во Фримонт за време на пандемија на коронавирус.