
Компаниите на Илон Маск, „Тесла“ и „СпејсИкс“, наводно назначиле пет директори да раководат со специјални комитети задолжени за преговори за евентуално спојување меѓу двете компании.
Како што објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, претставници на двете компании треба да учествуваат во преговорите.
Пет директори задолжени за преговорите
Според весникот, „СпејсИкс“ ќе го претставуваат Ролоф Бота и Ренди Глен, додека Робин Денхолм, Кетлин Вилсон-Томпсон и Џек Хартунг ќе учествуваат во преговорите од страната на „Тесла“.
Пет директори треба да водат посебни комитети задолжени за преговори за потенцијално спојување на компаниите на Илон Маск.
Компаниите сè уште не се огласија
Ројтерс не можеше независно да ги потврди наводите, додека SpaceX и Tesla не одговорија на барањето за коментар.
Информациите за можното спојување на двете компании засега не се официјално потврдени.











