Tesla и Toyota во преговори за идно партнерство

34

На повидок е нова соработка меѓу Tesla и Toyota, а доколку овие најави на крајот се испостават како точни, тогаш ова ќе биде голема вест.

Голем број извештаи се појавија изминатите денови според кои Tesla и Toyota се во преговори за потенцијална нова соработка и партнерство веќе некое време. Наводно, овие разговори се во процес од минатата година, а наскоро ќе влезат во финална фаза. Според информациите кои ги пренесуваат азиските медиуми, двата производители ќе развиваат платформа за мал електричен SUV.

Според Chosun Ilbo, во рамките на оваа соработка Toyota ќе обезбеди платформа за возилото, додека Tesla ќе биде задолжен за платфorмата за електронска контрола и софтверот. Двата производители се уште се немаат огласно околу овие шпекулации, но доколку сето ова се испостави како точно, би можело да резултира со поволен и пристапен електричен SUV со цена меѓу 20 и 25 илјади евра.

Јапонската компанија е особено позната по своите хибриди, а веќе го најави и планот за електрификација на 40 проценти од својата постава до 2025 и 70 проценти до 2030 година. Сепак, прифаќањето на целосно електричната иднина оди прилично бавно и наместо тоа се фокусира на PHEV моделите, традиционалните хибриди и возила со водородни ќелии, покрај целосно електричните автомобили, а со Tesla ситуацијата би можела да се промени.

Од друга страна ЕВ производителот ќе добие можност за производство на поевтин компактен SUV користејќи ја платформата на јапонската компанија. Iлон Маск веќе најави дека е подготвен да ја лиценцира технологијата на Tesla за други компании, а исто така ги понуди и мрежата на суперполначи на компанијата.

Ова не би било прв пат Toyota и Tesla да соработуваат. Во 2010 година, јапонскиот производител купи акции во Tesla за 50 милиони евра и соработуваше со тогашниот старт – ап за развој на електричен RAV4. Во 2016 Toyota имаше 1,43 проценти удел во Tesla, а во целост ги продаде своите акции во 2017.