Teslа и Volkswagen добиваат сериозен конкурент од Турција

150

Германскиот дневен весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (ФАЗ) објави дека турското електрично возило кое го произведува Иницијативната групa за автомобили (TOGG) ќе биде голем предизвик и конкурент за автомобилите во својата класа, како што се Теsla и Volkswagen.

Весникот објави дека TOGG гарантира дека со една батерија автомобилот ќе може да помине повеќе од 500 километри, дека полнењето на батеријата до 80 % ќе трае само половина час на сите бензински пумпи и дека автомобилот ќе се продава по конкурентна цена.

Се наведува дека TOGG ќе произведува најголем дел од компонентите за автомобили во Турција, дека првично учеството на производството во Турција ќе биде 51%, а  овој процент ќе се зголемува со текот на времето.

Фото: YouTube