Тесла истражува локации во Индија за изградба на фабрика за електрични возила, ќе инвестира до три милијарди долари

19

Тесла овој месец ќе истражува локации во Индија за да изгради фабрика за електрични возила (EV) која би можела да вреди помеѓу 2 и 3 милијарди долари.

Оваа информација ја објави Фајненшл Тајмс (ФТ), повикувајќи се на два анонимни извори запознаени со плановите на Тесла.

Американската фирма ќе се фокусира на индиските држави Махараштра, Гуџарат и Тамил Наду, кои веќе имаат автомобилски центри.