Tesla ќе соработува со кинеските регулатори

23

Производителот на електрични возила Tesla ќе работи со глобални регулатори за да ја осигура безбедноста на податоците на своите возила и корисници, изјави извршниот директор Илон Маск утрово во Кина на Светскиот конгрес за нови енергетски возила.

„Со брзиот раст на технологиите за автономно возење, безбедноста на податоците за возилата предизвикува поголема загриженост во јавноста од кога било досега“, рече Маск во видео говор, додавајќи дека безбедноста на податоците не е одговорност само на една компанија, пренесе Ројтерс.

Автомобилите се опремени со зголемен опсег на сензори и камери за да им помогнат на возачите. Но, податоците генерирани од таква опрема, исто така, можат да се користат од производителите за развој на нови технологии, како што се системи за автономно возење, што предизвикува загриженост за приватноста и безбедноста, особено кога информациите се испраќаат во странство.

Производителите на автомобили во Кина мора да складираат податоци генерирани од возила на локално ниво и мора да добијат регулаторно одобрување кога треба да извезуваат критични податоци во странство.

Tesla, која произведува возила во Шангај, е под кинеска контрола за чување и ракување со податоците за клиентите, како дел од новите напори на кинеската влада да го контролира технолошкиот сектор во земјата.