Tesla Motors го менува името во Tesla Inc.

16

mask

Американската компанија Tesla Motors Inc. го менува своето име во Tesla Inc. Компанијата на Илон Маск  ги извести надлежните регулаторни органи за нејзиното ново име. Одлуката за отстранувањето на зборот “Motors“ е направено со цел да се привлече вниманието на фактот дека Tesla, којашто се спои со другата компанија на Маск SolarCity Corp, сега работи и во областа на соларната енергија, пишува Bloomberg.

Tesla минатиот ноември го заврши преземањето на SolarCity вредно две милијарди долари.
Визијата на компанијата е Tesla да стане бренд што нуди услуги и производи од областа на обновливата енергија.