Tesla на поранешен вработен треба да му исплати 130 милиони евра отштета

121

Американски сојузен судија ѝ нареди на компаијата Tesla да исплати повеќе од 130 милиони долари отштета на поранешен црномурест работник, откако било откриено дека бил изложен на рaсно непријателска работна средина, пренесе Wall Street Journal.

Судијата вели дека компанијата не презела разумни чекори со цел работникот Овен Дијаз расно да не се злоставува. Дијаз бил вработен како оператор на дигалка во фабриката на Tesla – Fremont од 2015 до 2016 година.

Во порака до вработните, која Tesla ја објави на својата страница, производителот на автомобили вели дека судењето се однесува на расни навреди кои се случиле во погонот на фабриката и расистички графити во тоалетите. Исто така, речено е дека три пати Дијаз се жалел на матлтретирање, а од Tesla препорачале да се преземат мерки.

“Додека силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната која ја изрече поротата во Сан Франциско, признаваме дека 2015 и 2016 година не беа совршени“, велат од компанијаат Tesla.

Од Tesla велат дека вовеле промени од времето кога Дијаз работел во фабриката во Фримонт, вклучувајќи тимови посветени на истражување на поплаките од вработените и грижа вработените да имаат еднакви можности во компанијата.

Минатата година производителот на автомобили откри во својот прв извештај за расна разноликост дека Афроамериканците се застапени со четири отсто на водечките позиции во Теsla, а дека од сите вработени, црномурести се 10 отсто.