Tesla планира да воведе сопствена такси услуга

16

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск планира од следната година да воведе сопствена такси услуга слична на онаа од Uber, пишува CNN.

Таканаречените робо – такси ќе бидат самостојни возила коишто ќе работат на принцип на изнајмување. Според Маск, услугата ќе биде начин сопствениците на Tesla возила да заработат кога не ги користат своите автомобили.

Tesla ќе зема процент од остварените приходи, додека останатиот дел ќе биде за сопствениците на возилата. Според прогнозите на Маск, робо-такси возилата ќе оперираат 11 години, ќе поминуваат 1,6 километри и годишно ќе остваруваат 30.000 бруто добивка од автомобил.

Фото: Facebook