Tesla повеќе заработи од биткоини одошто од електричните возила

59

Американскиот производител на електрични возила, Tesla предизвика вистински земјотрес на пазарот кога објави дека купува биткоини за 1,5 милијарди долари.

Тој потег буквално ја катапултираше цената на најпознатата криптовалута, а во исто време ѝ донесе огромен профит на Tesla, пишува Yahoo Finanice.

Во јануари, вредноста на биткоинот беше меѓу 29.333 и 37.020 долари, што значи дека за 1,5 милијарди долари, Tesla поседува меѓу 37.020 и 51.137 биткоини.

Во зависност од тоа која вредност ќе се земе предвид, вредноста на биткоините што ги поседува Tesla, по цена од 51.259 долари, што е највисока досега, за 51.137 биткоини ќе биде 2.621.231.483 долари, така што профитот би можел да биде поголем одошто во текот на целата 2020 година.

Tesla во фискалната 2020 година пријави профит од 721 милион долари, по загубата од 862 милиони долари во 2019-та година. Дури и се проценува дека профитот од само едно купување на биткоини би го надминало целиот профит на Tesla добиен од продажба на автомобили во текот на изминатите 10 години.

Фото: Pixabay