Tesla престана да прима нарачки за Cybertruck надвор од Северна Америка

44

Tesla Inc престана да прима нарачки за својот пикап Cybertruck надвор од Северна Америка, според веб-страницата на американскиот производител на електрични автомобили.

Компанијата прифаќа резервации за Cybertruck, кој сè уште не е објавен, само во САД, Канада и Мексико.

Tesla одби да коментира за CNBC.

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, изјави дека компанијата ќе започне со производство на Cybertruck во фабриката во Остин, Тексас.

„Имаме повеќе нарачки за првите Cybertrucks отколку што можевме да ги исполниме во првите три години по почетокот на производството“, рече Маск минатата недела.

Тој, исто така, рече дека Tesla може да престане да прифаќа нарачки бидејќи побарувачката за некои од моделите го надминале производството „до смешен степен“.

Tesla го претстави моделот Cybertruck во 2019 година. Компанијата првично се надеваше дека ќе започне со производство подоцна оваа година, но ги одложи плановите за првиот квартал од 2023 година, потсетува Ројтерс.