Теsla: Продажбата на автомобили произведени во Кина зголемена за 275 проценти

37

Tesla значително го зголеми производството и извозот на електрични возила произведени во Кина и постави нов рекорд во нивната продажба минатиот месец, според кинеската асоцијација за индустрија за патнички автомобили (CPCA).

Вкупниот обем на продажба на возилата на Тесла во август,  се зголемил за 275 проценти во споредба со истиот месец минатата година, на 44.264 единици, вклучително и 31.379 извезени автомобили.

Во јули, Теsla го претстави поевтиниот модел Y со пократок опсег, произведен во Кина. Претходно оваа година, Теslа објави дека ќе ја претвори својата гига-фабрика во Шангај во водечки центар за производство на автомобили.