Tesla развива автомобили што сами ќе се паркираат

35

tesla-autopilotАмериканската компанија Tesla motors, која што произведува луксузни електрични автомобили, работи на софтвер што ќе овозможи некои од нивните возила сами да се паркираат, пишува Quartz.

Функцијата, која што е наречена Summon, се активира преку паметниот телефон на сопственикот или преку копче на нивниот Tesla клуч. Summon ќе може да ја отклучи вратата на возилото, да го стартува, да ја отвори вратата од гаражата и да го изнесе автомобилот надвор без никаква помош од сопственикот.

Исто така, без проблем, автомобилот ќе може и самиот да се паркира во гаражата и потоа да се исклучи.

Софтверот ќе биде прилагоден за возилата од серијата S и X (SUV), а освен за паркирање истиот ќе овозможи и менување на лента во текот на возењето и прилагодување на брзината при возење.

Од компанијата велат дека новиот софтвер ќе може да се користи исклучиво од сопственикот на возилото.

Според основачот на Tesla, Илон Маск овој софтвер ќе добие уште понапредна верзија во иднина, односно за две години сопственикот ќе може да го “повика” својот автомобил од било која локација во државата.

“Ако сте во Њујорк, а вашиот автомобил во Лос Анџелес, истиот ќе најде начин да дојде до вас”, вели Маск.