Тетекс донесе предлог одлука за распределба на добивката за 2014 и исплата на дивиденда

75

teteks tetovo

Акционерското друштво Тетекс од Тетово донесе предлог одлука за распределба на добивката по завршната сметка за 2014 година, се наведува во информациите објавени на Македонска берза.

Остварената нето добивка во висина од 7.667.797 денари се распоредува на следниот начин: 383.390 денари одат како задолжителна резерва, за инвестициони вложувања ќе се одвојат 5.000.000 денари, додека остатокот од 2.284.407 денари останува нераспределен.

Тетекс донесе одлука и за исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка до 31-ви декември 2008 година.

Според оваа одлука, висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,795% од номиналната вредност, односно 55,56 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 30.04.2015 година, последен ден на тргување без право на дивиденда е 04.05.2015 година. Дата на стекнување на право на дивиденда е 06.05.2014 година.