Тетекс ја заврши 2016 со добивка од 62.421.000 денари

17

teteks-tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово, од први јануари до 31-ви декември 2016 година, работеше со вкупна сеопфатна добивка во висина од 62.421.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза. На крајот на 2015 година, добивката на Тетекс изнесуваше 47.148.000 денари.

“Влијанието врз финансискиот резултат во 2016 година имаа приходите од вложувања во износ од 21.884.000 денари, коишто произлегуваат од вложувања во ТТК Банка, Петролгас ДОО Тетово, Македонија турист и Алкалоид“, стои во Образложението на остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба лани достигнаа 238.443.000 денари, од коишто на домашен пазар се остварени 138.638.000 денари, а на пазари во странство отпаѓаат 99.805 денари.

Вкупните приходи од продажба во текот на претходната 2015 година беа на ниво од 235.492.000 денари.

Тетекс од Тетово е компанија што се занимава со производство на машки и женски конфекциски производи од различни типови на ткаенини. Покрај основната дејност, групацијата Тетекс има инвестиции и во: банкарството како најголем поединечен акционер на ТТК Банка, електромашински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати и слично.