Тетекс ќе им исплаќа дивиденда на своите акционери

99

Компанијата Тетекс од Тетово донесе предлог одлука за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

“Се одобрува исплата на дивиденда во бруто износ од 36.815.623 денари од акумулираната добивка на друштвото“, стои во предлог одлуката.

Висината на дивидендата, како што се наведува, бруто по акција ќе изнесува 2,872% од номиналната вредност, односно 88,89 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27.12.2018 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 28.12.2018 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда е 31.12.2018 година, а на истиот ден ќе се врши и исплатата на истата.