Тетекс ќе исплаќа дивиденда од акумулирана добивка до 2008 година

23

teteks tetovo

Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на дел од нераспределената акумулирана добивка.

“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка на друштвото до 31.12.2008 година. Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 1,077% од номиналната вредност, односно 33,33 денари бруто по акција“, се вели во Одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.08.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.08.2015 година. Дата на стекнување на право на дивидена е 17.08.2015 година.