Тетекс ќе исплаќа дивиденда од дел од нераспределената акумулирана добивка

77

teteks-tetovo

Тетекс од Тетово донесе предлог одлука за распоред на дел од нераспределената акумулирана добивка за исплата на дивиденда.

“Се одобрува исплата на дивиденда од акумулираната нераспределена добивка и тоа, од 2009 до 2013 година во износ од 51.209.892 денари; за 2014 година добивка во износ од 2.284.406 денари; за 2015 година добивка во износ од 1.134.850 денари; за 2016 година добивка во износ од 5.714.589 денари. Односно вкупно бруто 60.343.737 денари“, стои во предлог одлуката објавена на Македонска берза.

Компанијата, исто така, донесе предлог одлука за плаќање на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.

Според предлог одлуката, висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 4,306% од номиналната вредност, односно 133,334 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.12.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 13.12.2017 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 15.12.2017 година.

Исплатата на дивиденда, како што се наведува, е до крајот на декември оваа година.

Основна дејност на Тетекс од Тетово е производство на машки и женски конфекциски производи, а има инвестиции и во други дејности: банкарство (најголем поединечен акционер на ТТК Банка), електро – машински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати и слично.