Тетекс ќе исплаќа дивиденда од ланската добивка

19

teteks-tetovo

Тетекс од Тетово донесе одлука за распоред на добивката по завршна сметка за 2016 година и нејзина употреба.

“Остварената добивка после оданочување на Тетекс од Тетово за 2016 година од 62.420.605 денари се распоредува на: износ којшто се внесува во законски резерви – 3.121.030 денари; износ којшто се исплатува во вид на дивиденда на иматели на акции – 50.619.980 денари; износ што се исплатува по Договор за уредување на односите меѓу друштвото и генерален директор – 2.964.979 денари и нераспределена добивка од 5.714.616 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 122,22 денари. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.04.2017, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.04.2017 година. Датум на стекнување на право на дивиденда е 13.04.2017 година.