Тетекс со добивка од 2,3 милиони денари ги заокружи деветте месеци од 2015

20

teteks tetovo

Текстилната компанија Тетекс од Тетово во период од деветте месеци од 2015 година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.306.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари загуба од 126.718.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, за период од први јануари до 30-ти септември оваа година, изнесуваа 164.984.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 83.745.000 денари, додека остатокот од 81.239.000 денари е остварен на странски пазари.

Вкупните приходи од продажба во истиот период лани достигнаа 168.115.000 денари.