Тетекс со консолидирана добивка од 25,7 милиони денари за шест месеци

31

Тетекс од Тетово за шест месеци успеа да евидентира вкупна сеопфатна добивка во висина од 25,7 милиони денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на компанијата достигна 17 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни, изнесуваа 81.840.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 40.829.000 денари, додека поголемиот дел од 41.011.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pixabay