Тетекс во првиот квартал прокнижи 11,2 милиони денари загуба

18

teteks-tetovo

Тетекс од Тетово, од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со загуба од 11.236.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Консолидираната загуба една година претходно беше на ниво од 11.987.000 денари.

Заклучно со 31-ви март оваа година, вкупните приходи од продажба беа на ниво од 43.666.000 денари. Од тој износ на домашен пазар направена е реализација од 26.029.000 денари, а на пазари во странство отпаѓаат 17.637.000 денари.

Основна дејност на Тетекс од Тетово е производство на машки и женски конфекциски производи, а има инвестиции и во други дејности: банкарство (најголем поединечен акционер на ТТК Банка), електро – машински услуги и инженеринг, трговија со нафтени деривати и слично.