Тетекс за годинава проектира 28,9 милиони денари добивка

45

teteks-tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово за оваа година планира да оствари 28.900.000 денари добивка пред оданочување, покажува Финансискиот план за 2017 година објавен на Македонска берза.

Проектираните приходи од продажба се на ниво од 238.000.000 денари, додека финансиските приходи планирано е да достигнат 30.000.000 денари.