Тетекс за оваа година планира добивка од 28,3 милиони денари

45

teteks tetovo

Тетекс од Тетово планира да реализира добивка од редовно работење по оданочување во висина 28.370.000 денари, стои во финансискиот план на компанијата објавен на Македонска берза.

Компанијата планира приходите од продажба да бидат на ниво од 288.851.000 денари.

Компанијата во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 47.148.000 денари, според неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.