Тетекс за три месеци со добивка од 3,8 милиони денари

27

teteks tetovo

Компанијата Тетекс од Тетово, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.817.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото тримесечје од 2015 година, компанијата прикажа добивка од 11.105.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година достигнаа 56.458.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 39.572.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 16.886.000 денари.