Тетовски Пофикс доминантен сопственик на Единство

51

На својата последна седница, која се одржа вчера, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија донесе решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на обичните акции издадени од Единство АД Тетово, а дадена од Пофикс ДОО Тетово.

Со ова тетовската компанија Пофикс стана доминантен сопственик на Единство АД Тетово.

Имено, според Комисијата за хартии од вредност, понудата за откуп била прифатена од 53 сопственици на обични акции, кои доставиле изјави за вкупно 651.322 обични акции, што претставуваат 74,00495% од вкупниот број на издадени обични акции од Единство АД Тетово.

Откупната понуда се однесуваше на 880.106 обични акции со право на  глас и 7.445 приоритетни акции, сите издадени од Единство АД Тетово. Како понудувач, Пофикс ДОО Тетово ги откупи хартиите од вредност по цена од 145 денари по акција.