Thalys привлекува туристи со помош на мирис

19

reklama-youtube

Фото: Youtube

Француската маркетинг агенција Rosapark создаде иновативен начин преку којшто ќе ги привлекува туристите да посетуваат различни дестинации што се дел од понудата на француската железничка компанија Thalys.

Станува збор за инсталација од 752 цевки коишто содржат 16 примамливи мириси од Париз, Амстердам, Брисел и Копенхаген. Посетителите можат да се движат под инсталацијата и да ги идентификуваат различните мириси.