ТикТокери заработуваат повеќе од директори на светски компании

156

Во претходната година, TikTok стана најпопуларната социјална мрежа во светот. Оваа компанија придонесе за популаризација на своите клиенти, кои денес заработуваат повеќе од извршните директори на познати американски компании, пишува The Wall Street Journal.

Ѕвездата на TikTok, Чарли Д’Амелио заработи неверојатни 17,5 милиони долари само во 2021 година. За споредба, платата на директорот на ExxonMobil, Дарен Вудс во 2020 година изнесува 15,6 милиони долари.

На третото место на листата на Forbes за најплатени луѓе на планетата е Кевин Џонсон, директорот на „Starbucks“, со 14,7 милиони долари годишно.