Тиквеш продолжува со интензивни вложувања во модернизација и производство на врвни вина

22

FOTO_Tikves_investicii_4

Во текот на оваа година винарската визба Тиквеш ќе вложи дополнителни 670.000евра во најсовремена опрема за преработка и одлежување на виното, се вели во соопштението.

Со тоа впродолжува интензивниот инвестициски циклус за модернизација и натамошно унапредување на производството на врвни вина во Тиквеш, којшто во периодот од 2013-та до 2016-та година ќе достигне вредност од близу четири милиони евра. Со најновите вложувања, вкупните инвестиции на Тиквеш во последната деценија, надминаа 30 милиони евра.

“Обемот, темпото и структурата на нашите вложувања во изминатите години му овозможија на Тиквеш да го достигне и одржи посакуваното високо ниво на квалитет на вината од своето целокупно портфолио. Најновите инвестиции во најсовремена технологија и опрема за примарната преработка на грозје, микровинификација и одлежување на виното, дополнително придонесуваат за натамошно зголемување на нашите капацитети за производство на вина со премиум квалитет. Уверени сме дека на ваков начин се зголемува додадената вредност на нашите вина, со што се зајакнува нивната позиција“, изјави генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски.

Тргнувајќи од своите стратешки развојни цели, Тиквеш, во последните три години, дополнително инвестираше и во подигнување нови насади со грозје, набавка на нови танкови, специјални бочви за одлежување на виното, осовременување на линијата за полнење и пакување на виното, но и во најнова лабораториска опрема за контрола на квалитетот.

Дополнително, во текот на оваа година ќе бидат вложени и значителни финансиски средства за натамошно унапредување на техничките услови, како и во технологии за искористување на отпадот што настанува при преработка на грозјето како суровина за производство на енергија, со што Тиквеш ќе ја потврди својата определба за натамошно зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина.