Винарската визба Тиквеш за првите три месеци од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 12.536.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истото тримесечје лани, добивката на Тиквеш изнесуваше 10.441.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во периодот од први јануари до 31-ви март беа на ниво од 251.360.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 157.193.000 денари, додека на пазари во странство се реализирани 94.167.000 денари.