Тиквеш за девет месеци прокнижи 43,6 милиони денари добивка

126

Винарската визба Тиквеш, деветте месеци од оваа година, ги заврши со добивка од 43.663.000 денари, стои во неревидираниот и неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, добивката на винарницата беше 71.092.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа 1.007.218.000 денари, од коишто на домашен пазар се 556.257.000 денари, а остатокот од 450.962.000 денари е продажба на странски пазари.

Фото: Freepik