Тиквеш започна со едукација на консументите за вината

83

grozje-i-vino4 Винарската визба Тиквеш на консументите од денеска им овозможи апликација преку која можат полесно да го направат најдобриот избор на вино. На информативни таблели поставени на винските полици во поголемите маркети, купувачите можат да се информираат за карактеристиките на секое поединечно вино и за храната со која тие идеално си одговараат.
Од Тиквеш информираат дека оваа иновација во комуникацијата со потрошувачите засега е достапна во два од маркетите на Веро во Скопје, а во следниот период ќе биде поставена и на други продажни места.
Пo новогодишните празници апликацијата ќе биде достапна и на мобилните уреди, со што корисните и едукативни информации ќе стигнат до уште поширок круг љубители на виното.
“Обидувајќи се да го направат вистинскиот избор, љубителите на виното често минуваат многу време на винските полици во маркетите. Со оваа апликација не само што им се олеснува изборот, туку добиваат и корисни информации за виното и за идеалниот спој со различните видови храна. Веруваме дека оваа алатка е моќен иструмент за подигнување на винската култура на македонските консументи”, изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на Тиквеш.