Тим Кук доби акции од 38 милиони долари за да остане во Apple до 2025 година

86

Главниот извршен директор на Apple, Тим Кук доби 333.987 акции од неговата компанија, чија вредност во овој момент достигна околу 38 милиони евра, пишува Business Insider.

Целта на акциите е да го задржат Кук на чело на технолошкиот гигант до крајот на 2025 година. Доколку на овој износ се додадат и акциите што веќе ги има Кук, тогаш тој ќе располага со хартии од вредност на Apple во висина од над 110 милиони долари.

Според бордот на директори на Apple, доделувањето на акции е заради “признание за неговото неверојатно лидерство“, но тој ќе ги добие под услов да не ја напушта компанијата. Кук ќе може да располага со тие акции во текот на тригодишниот период од 2023-та до 2025-та година.

Инаку, Тим Кук од пред некое време влезе во клубот на милијардери, а само од редовна плата лани заработи три милиони долари, додека како дополнителни бонуси добил уште 7,7 милиони долари, а со помош на редовните бонуси во акции што секоја година им се доделуваат на директорите на Apple, тогаш неговата ланска заработка се искачи на 125 милиони долари.

Фото: Twitter