Конечно и тој стана милијардер

87

Главниот извршен директор на Apple, Тим Кук си го најде своето место во клубот на милијардери откако акциите на технолошкиот гигант постојано растат, пишува ВВС.

Поради добрите постигнати резултати, Apple ја зголеми својата пазарна вредност со што стана највредна компанија во светот, оставајќи го зад себе нафтениот гигант од Саудиска Арабија, Saudi Aramco.

Кук поседува 847.969 акции од Apple и минатата година на својата заработка додаде и 125 милиони долари во форма на бонуси.

Минатата недела, основачот на Facebook, Марк Цукерберг влезе во клубот на милијардери, бидејќи неговото богатство достигна 100 милијарди долари.

Иако светот се соочува со огромни здравствени, економски и социјални последици од пандемијата предизвикана од коронавирусот, сепак таа криза воопшто не ни допре до компании како што се Apple, Facebook и Amazon, чии челни лица се збогатија во вакви услови.

Фото: Freepik