Timberland чизмите веќе нема да бидат исти, компанијата го менува концептот

268

Timberland, еден од водечките светски брендови во индустријата за обувки и облека, планира неговите производи да имаат позитивно влијание врз природата до 2030 година.

Компанијата има намера да ги подобри биодиверзитетот, квалитетот на водата и животот на земјоделците од кои набавува суровини. Овој план ќе се исполни со постигнување на две цели: 100% од производите да бидат дизајнирани да ги исполнуваат принципите на циркуларна економија и 100% од природните материјали да се добиваат од регенеративно земјоделство.

Преку циркуларниот (кружен) дизајн на производот, Timberland има намера да го намали отпадот на нула и да добие не само неутрално, туку и позитивно влијание врз природата со добивање природни материјали од регенеративно земјоделство, соопштуваат од компанијата.

Така, производите ќе бидат направени од материјали што инаку би се потрошиле и ќе бидат дизајнирани така што ќе можат да се рециклираат на крајот од нивниот животен век. Оваа есен, Timberland ја лансира својата прва колекција чизми изработени од регенеративна кожа што се произведува од фарми во САД.

До 2030 година цел на компанијата е сите производи, облека, обувки и додатоци да бидат дизајнирани во согласност со принципите на циркуларна економија.

Фото: Facebook